Шеснаесет интервенции на ТППЕ - Скопје од утрово, пожар имало и во зграда во Ново Лисиче
- Опожарен беше балкон на шести кат во зграда во Ново Лисиче, интервенирано е со две возила и седум пожарникари. Пожарот е изгаснат. Повредени нема, штетата допрва ќе се утврдува, појасни тој за МИА.