Втор јавен повик за финансиска поддршка на домаќинствата од Лисиче за замена на грејните тела
Град Скопје во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање објави втор повик за финансиска поддршка на домаќинствата од Лисиче кои се греат на огревно дрво, јаглен, нафта или отпад со цел замена на старите грејни тела, со нови енергетски поефикасни.