Утре прекин на водоснадувањето за корисниците од улица „Радован Ковачевиќ“
Поради реконструкција на водоводна мрежа ф 200 мм на ул. „Радован Ковачевиќ“ бб во населба Синѓелиќ, во текот на утрешниот ден без вода ќе бидат корисниците од ул. „Радован Ковачевиќ“, „Методија Андонов Ченто“, „Томас Минцер“, „Тодор Чопов“, „Константин Петковиќ“ и „Сава Михајлов“.