Иницијативата против урбано дивеење бара средба со Бочварски за ДУП-овите од Ѓорче Петров
Иницијативата против урбано дивеење денеска поднесе барање за средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, за, како што посочија на денешната прес-конференција, да не ги одобрува ДУП-овите кои доаѓаат од Општина Ѓорче Петров.