Заврши патувачкото кино на 11. „Македокс“ во Скопскиот регион
Патувачкото кино на 11. „Македокс“ годинава се одвиваше во Скопскиот регион. Патешествието на магаренцето натоварено со документарни и анимирани филмови се одржа од 8 до 12 октомври, притоа посетувајќи ги населените места Драчево, Радишани (ОУ „Ацо Шопов“), Волково (СРЦ „Бранители“), Горна Матка и Булачани (ОУ „Наум Охридски“).