Пријави за поплавени подруми, паднати дрвја, оштетени автомобили по невремето во Скопје
Пријави за поплавени дворови, подруми, куќи, паднати дрвја, бандери, лимови и оштетени автомобили се добиени на Единствениот број за итни случаи по невремето што попладнето и во текот на вечерта ги зафати тетовско, скопско и кумановско.