Пајакот на Град Скопје подигнал 167 неправилно паркирани возила
Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 361 возило, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 21 возило се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.