Без струја утре ќе останат делови од Аеродром, Сопиште, Ѓорче Петров и Чучер-Сандево
Од „ЕВН Македонија“ АД информираа дека на 5 август 2020 година се планирани технички зафати во електро-системот на Град Скопје и од таа причина дел од корисниците во општините Аеродром, Сопиште, Ѓорче Петров и Чучер-Сандево ќе имаат прекин на електричната енергија.