Професионална велосипедска трка „Трофеј Илинден“
Седумдесетина професионални велосипедисти од цела држава учествуваа во велосипедската трка „Трофеј Илинден“ што се одржа денеска во Општина Илинден. Учесниците на трката во должина од 100 километри се натпреваруваа во шест категории: У-23, јуниори, жени, кадети, мастерс и елит.