Во Градски парк се одржа „Бараме климатска акција сега“ – земјава една од петте најзагрозени од климатските промени
Во Градскиот парк во Скопје, денеска, во организација на „Гоу грин Скопје“ се одржа настанот „Бараме климатска акција сега!“, од каде беше испратена порака за подигнување на јавната свест за климатските промени и превенција од негативните влијанија врз нашата држава.