Општина Центар ќе дава субвенции за селективно одложување отпад
Повратни вендинг машини за рециклирање на пластични и стаклени шишиња за што ќе се исплаќаат и субвенции, нова мобилна апликација, мрежен систем за автоматска наплата на паркиралиштата и кампања за подигање на јавната свест за последиците од прекумерно користење возила, се најновите проекти и планови на Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар и на Општина Центар за 2020 година