Без струја утре делови од Чучер Сандево, Бутел и Аеродром
Поради планирани технички зафати во електросистемот на Скопје утре од девет до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Брест, Побожје, Малино Маало, Мирковци, Кучевиште, Бродец и Танушевци во општина Чучер Сандево и дел од корисниците од село Љубанци во општина Бутел, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје