Отстранети 266 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје
Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 41 е отстрането од зонските паркиралишта, а преостанатите 225 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице