Отстранети 283 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје
Во текот на изминатата недела (24.10 - 30.10.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 283 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 43 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 240 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице