,,Енергетика” почна со парно греење во Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром
АД ЕСМ, подружница „Енергетика” почна со испорака на топлинска енергија, пред официјалниот почеток на грејната сезона. Парно греење од „Енергетика” денеска добија 3.546 домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти во скопските населбите Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром