По повод одбележувањето на 1 Октомври – Интернационалниот ден на Гоше, Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ денеска ќе одржи прес-конференција во Скопје
Тимот на „Fashion Revolution Macedonia“ денеска од 16 – 20 часот во „Јавна соба“ организира настан, каде ќе се разменува облека во име на поголема свесност за модата и ќе се прикажува документарниот филм „True Cost“, кој ја доближува реалноста зад убавото лице на модниот свет и производството во модната индустрија
Од утре почнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“-Скопје
ЈП „Комунална хигиена“- Скопје денеска започна есенска акција за генерално чистење на општината Сарај. Во рамките на акцијата, екипите на Претпријатието ќе извршат отстранување на дивите депонии, како и рачно и машинско метење и миење на главните и на споредните улици
Општина Кисела Вода во соработка со Центарот за јавно здравје денеска од урбаната заедница 11 Октомври-бараки почна да спроведува есенска дератизација за уништување на глодачи на својата територија
Почна уредувањето на плочникот влезот на ГТЦ и градскиот плоштад, проект што градоначалникот Шилегов го најави и објасни на денешната прес конференција
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за една недела санкционираа 336 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот
Детската градинка „Срничка“ и ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ добија грантови од програмата Еразмус+ што ќе се реализираат во периодот од 2019 до 2021 година
Концерти, изложби, кино, театарски претстави, 3Д видео мапинг и уште многу други културни содржини ќе бидат дел од 15. јубилејна „Бела ноќ“ во Скопје што ќе се одржи в сабота
Урбани моторџии облечени во елегантна облека и уникатни мотори денеска четврти пат дефилираа низ Скопје, пренесувајќи порака за потребата од покренување на свеста за машкото здравје и за превенција од ракот на простатата