„Фу Фајтерс“ го одложи својот концерт поради заразен со коронавирус
Рок-настапот на „Фу Фајтерс“ на Форумот во Лос Анџелес е ставен во пауза. Арената „Инглвуд“ требаше, по подолго време, повторно да биде отворена, со настап на рок-групата в сабота, но бендот денеска објави дека еден случај на Ковид-19 меѓу нивните луѓе, довел до одложување на нивниот настап