„Не оклевај“ е новото музичко парче од работилницата на тимот на Боби Павловски
„Не сакав да експериментирам, особено затоа што во оваа екипа наидов на луѓе кои знаат да го препознаат она нешто во мене и она што ми се допаѓа. Мислам дека имам моќна тема и едвај чекам да дојде денот да ја отпеам пред мојата публика, онака што се вели во живо“, вели Павловски