Тејлор Свифт и Бредли Купер подарија своја гитара за добротворни цели
Тејлор Свифт, Бредли Купер и кантри-пејачот Кит Урбан подарија своја гитара за добротворната аукција на „Кристи’с“. Наддавањето и продажбата траат од денеска до 29 октомври, и имаат за цел прибирање средства и помош за кантри-музичарите во САД, погодени од корона-кризата