Глумицата и пејачка Кијана – „Кеке“ Палмер ќе биде водителка на претстојната свеченост на доделувањето на Ем-ти-ви видеомузичките награди. Таа тоа го потврди на Инстаграм-профилот.
Француската уметничка Дебора де Робертис е казнета од судските власти затоа што позирала гола при свој уметнички акт во 2018 година.
Македонскиот рок-бенд „Ласт експедишн“ ја објави својата нова песна под наслов „Одиме на Охридско море“. Станува збор за четврти сингл на „Експедицијата“, како најава за нивниот четврти студиски албум, што треба да излезе до крајот на оваа 2020 година.
Американскиoт рапер и продуцент Фифти Сент во објава на Инстаграм, отворено го опцу жирито на Американските телевизиски награди Еми.
Сандра Булок и Џенифер Анистон се долгогодишни пријателки, а интересно е тоа дека се запознале преку глумецот Тејт Донован, со кого и двете, во 1990-тите, излегувале.
Хрватскиот композитор Ненад Нинчевиќ, еден од најблиските пријатели на починатиот музичар Рајко Дујмиќ, за хрватските медиуми изјави дека семејството Дујмиќ одлучило да ги дарува неговите органи.
Американскиот глумец Шон Пен се ожени по третпат. Овојпат, избраничката е неговата 31 година помлада колешка Лејла Џорџ – глумица од Сиднеј, Австралија.
Хрватскиот музичар и композитор Рајко Дујмиќ почина денеска на 66-годишна возраст како последица од повредите здобиени во сообраќајна несреќа.
Американската глумица Кејт Хадсон, која е на самиот почеток на петтото десетлетие од својот живот, ги почести своите следачи на Инстаграм со видео од себеси како вежба јога во долна облека.
Ѕвездата од ТВ серијата „На лош пат“ (Breaking bad), Брајан Кренстон им соопшти на своите обожаватели дека е излекуван од Ковид-19 по што дарувал крвна плазма