Билал Хасани ќе ја претставува Франција на Евровизија
Билал Хасани, кој стана феномен за неколку недели со своите перики и шминка, ќе ја претставува Франција во мај на конкурсот за песна на Евровизијата, откако синоќа победи во финалето на „Дестинација Евровизија” со неговата песна „Roi” (Крал), испеана во живо на јавниот телевизиски сервис Франс 2, јавува дописникот на МИА.