Тејлор Свифт влезе во редот на милијардерите. Нејзината вкупна нето-вредност сега изнесува 1,1 милијарда долари, благодарение на турнејата „Ерас“ што соборува рекорди, објави „Блумберг“.
Џенифер Лопез ја продаде својата луксузна куќа во населбата Бел Ер во Лос Анџелес. Новата сопственичка платила 34 милиони долари, пишува „Волстрит журнал“.
Американската поп-пејачка Мадона и натаму е женска уметница со најмногу продадени музички плочи на сите времиња, објави вчера Гинисовата книга на рекорди.
Американската пејачка Кејти Пери, се чини, може да добие нов закон за недвижности именуван по неа - и тоа, според познавачи, не е за пофалба, од нејзино гледиште.
Александар Арсовски организатор на ,,Макфест" од Општина Штип вели дека се задоволни од сработеното, а на публиката се понуди музика за сечиј вкус, како за помладите, така и за повозрасните генерации.
Позитивни реакции, многу забава, вака организаторите ја оценија првата фестивалска вечер од 38. издание на „Макфест“.
Според организаторот на фестивалот од Општина Штип, Александар Арсовски првата вечер поминала одлично, а публиката и жирите одлучија кои песни ќе се слушнат и изведат на сцената на втората вечер.
Во свечениот говор, зборот го зеде Шелтон, пред сѐ пофалувајќи посветеноста на неговата избраничка како мајка на 17-годишниот Кингстон, 15-годишниот Зума и деветгодишниот Аполо.
Со познатите песни, кои се македонски и балкански евергрини претпладнево се крена фестивалското знаме, започна фестивалот „Макфест“.
Парамаунт Глобал денеска соопшти дека го откажа доделувањето на Европските музички награди на МТВ (ЕМА) за 2023 година во Париз, наведувајќи ги како причина „нестабилните светски настани“ за време на конфликтот во Израел и Газа.