Проектот „Македонијо во срце те носиме" со концерт во Тетово
Музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“ чии 12 македонски родољубиви песни во ново руво се изведуваат низ голем број градови утре, четврток доаѓа во Тетово, информираат организаторите. Концертот е закажан со почеток во 20:00 часот, а ќе се одржи на Градскиот плоштад.