Кари ги надмина Чембрлен и Бејлор во плејоф поени
Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, ноќеска мина две легенди на НБА на вечната листа поентери во плејофот. Во вториот натпревар од серијата против Сакраменто (106:114, 0-2), Кари постигна 28 поени, со што неговиот вкупен број во плејофот достигна 3.628.