Ричардс добива 15 милиони долари за продолжување на договорот со Шарлот
Центарот на Шарлот, Ник Ричардс се согласи да го продолжи договорот со клубот. Хорнетс не ги открија условите на договорот, но агентите на кошаркарот, Џејвон Филипс и Џеред Мучи, на „Excel Basketball“, изјавија дека договорот е за три години и „тежи“ 15 милиони долари.