НБА: Донован Мичел нов кошаркар на Кливленд
Кошаркарот на Јута, Донован Мичел, е нов член на НБА лигашот Кливленд, јави ЕСПН, наведувајќи дека во размената која ја договориле двата клуба, Јута за Мичел ќе добие тројца кошаркари – Лаури Марканена, Очаи Агбаџи и Колин Секстон, како и три избори во првиот круг на драфтовите во 2025, 2027 и 2029 година