Завршниот турнир од АБА 2 лигата во Скопје ќе има хуманитарен карактер
Завршниот турнир од НЛБ АБА2 лигата, чиј домаќин од 13 до 17 април ќе биде МЗТ Скопје Аеродром, ќе има хуманитарен карактер, а продажбата на влезниците за сите средби ќе оди преку фондацијата „Марко Божиновски“, која потоа ќе ги пренасочи собраните средства онаму каде што е најпотребно.