Леброн е вториот најдобар стрелец на сите времиња во историјата на НБА
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, се искачи на второто место на вечната листа поентери во НБА-лигата. Џејмс ноќеска во поразот (119:127) на гостувањето кај Вашингтон постигна 38 поени и со 36.947 го престигна Карл Мелоун кој има 36.928 поени.