МЗТ Скопје Аеродром се засили со Војдан Стојановски
Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски му се приклучи на својот брат близнак Дамјан во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша договор со актуелниот шампион до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката.