МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија
Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром жестоко реагираше попладнево, оценувајќи ја без преседан одлуката на Дисциплинската комисија (ДК) на Кошаркарската федерација (КФСМ), која поради навреди упатени на социјалните мрежи кон претседателот Перо Антиќ го казни актуелниот македонски шампион со 300.000 денари, а клупскиот директор Тони Грнчаров со двегодишна суспензија