Македонскиот кошаркарски куп во мај, од годинава под името „Благоја Георгиевски – Буштур“
По едногодишна пауза поради пандемијата на коронавирус, македонскиот кошаркарски куп се враќа во календарот на натпреварувања и од оваа сезона ќе го носи името на легендарниот македонски кошаркар, Благоја Георгиевски-Буштур, кој загина во јануари лани во сообраќајна несреќа на 69-годишна возраст.