НБА: Двајца кошаркари на Филаделфија отстранети од Ол-стар натпреварот
Поради контакт со фризер, кој е заразен со коронавирус, кошаркарите на Филаделфија, Џоел Ембид и Бен Симонс, се исклучени од Ол-стар натпреварот во НБА лигата што вечерва во два часот по полноќ по македонско време ќе се одигра во Атланта.