Ентони Дејвис се откажа од опцијата во неговиот договор
Една од двете суперsвезди во составот на новиот шампион на НБА, Лос Анџелес Лејкерс – тешкото крило Ентони Дејвис, ќе ја одбие опцијата за последната година од договорот, објави авторитетниот НБА инсајдер од „Атлетик“, Шамс Чаранија. Опцијата е вредна 28,7 милиони долари.