АБА 2 лига: Сплит му нанесе петти пораз на МЗТ Скопје во сезоната
Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа петтиот пораз во АБА 2 лигата во оваа сезона. Сплит на домашен терен го совлада македонскиот шампион со 95:85 (27:22, 18:28, 22:19, 31:16) во воведниот меч од 17-та рунда.