АБА 2: МЗТ Скопје ја реши Сутјеска
Кошаркарите на МЗТ Скопје се вратија на победите во АБА 2 лигата. По победите над Слобода, над Спарс и над Рогашка и поразот во дербито со Борац, „металците“ вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ја совладаа Сутјеска со 88:78 во рамки на 16. коло.