Кочов: Фаворити сме против Слобода, но ќе биде тешко
Со утрешниот натпревар на домашен терен против босанскиот тим Слобода Тузла, актуелниот македонски шампион, екипата на МЗТ Скопје Аеродром утревечер и официјално ќе ја почне новата сезона. Тренерот на аеродромци Ѓорѓи Кочов смета дека остварените победи во подготовките (седум од осум) не значат ништо ако тоа не се потврди онаму каде што е најважно.