Раководството на Бостон селтикс ќе го продолжи договорот со Сем Хаусер, објави инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски.
Американците решија да патуваат за Париз со најдобрите играчи кои ги имаат и со право важат за фаворити на Олимписките игри.
Во натпреварот за пласман од 13. до 16. позиција на Европското првенство во Полска, македонската машка кошаркарска селекција под 20 години загуби од селекцијата на Исланд со убедливи 116:87.
Селекторот на американската репрезентација Стив Кер именуваше тројца кошаркари кои ги гледа како столбот на стартната петорка.
Вестбрук е дел од „трејдот“ што на Јута и носи избор на драфтот од вториот круг и кеш. Во спротивен правец кај Клиперси оди бекот Крис Дан, кој ќе потпише тригодишен договор вреден 17 милиони долари.
Кошаркарската репрезентација на САД ја забележа третата последователна победа во подготовките за Олимписките игри во Париз.
Младинската репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години го претрпе и четвртиот пораз во низа откако во денешниот дуел загуби од Словенија со 71:82 (33:39) на Европското „под 20 години“ за мажи, Дивизија А.
-Сè уште не завршивме со нашите медиумски договори, но штом ќе завршиме, ќе го разгледаме проширувањето, рече Силвер.
Кари играше за Шарлот од февруари 2024 година, му се приклучи на тимот како резултат на размената со Далас.
Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години го претрпе и третиот пораз на Европското првенство во А-дивизијата, откако вечерва загуби од Белгија со 86-59 во рамки на завршното коло во групната фаза.