Завршија преговорите меѓу Лејкерс и Лу
Преговорите за тренерскиот пост во Лос Анџелес Лејкерс меѓу претставниците на клубот и Тајрoн Лу стигнаа до ќорсокак и беа прекинати, соопшти „ЕСПН“. Двете страни така и не успеале да постигнат договор, бидејќи Лу побарал 5-годишен договор, додека „езерџиите“ се подготвени да му дадат договор за три години со вкупна вредност од само 18 милиони долари