Портланд Трејлблејзерс победи по 4 продолженија со 140:137 против Денвер Нагетс во третиот натпревар од полуфиналето во Западната конференција на НБА. На овој начин, „пионерите“ поведоа со 2: 1 во серијата во која се игра до 4 победи во 7 натпревари
Кошаркарот на Бруклин, Д’Анџело Расел, доби суспензија од судот во Њујорк поради поседување марихуана, објавија медиумите во САД.
Кошаркарите на Портланд блејзерс забележаа победа со 97:90 во вториот натпревар со Денвер во четвртфиналето од НБА-плејофот.
Екипата на Анадолу Ефес е последниот учесник на завршниот „Фајнал фор“ турнир во кошаркарската Евролига.
Голден Стејт Вориорс ги победи Хјустон Рокетс со 115:109 и поведе со 2-0 во полуфиналната серија на Западната конференција на НБА
МЗТ Скопје веќе од утре треба да размислува за битката за титулата во домашното првенство, во која треба да се соочи со својот најголем ривал – Работнички.
МЗТ Скопје не успеа да се врати во елитното друштво на регионалната АБА-лига, откако вечерва ја загуби мајсторката на гостувањето кај Задар со 86-75 (50-40).
Тренерот на Задар, Анте Назор, побара од своите избраници на натпреварот со МЗТ Скопје Аеродром да одиграат посветено во текот на сите 40 минути.
Кошаркарот на Хјустон рокетс, Крис Пол е казнет со 35 илјади долари поради непримерно однесување на првиот натпревар од четвртфиналето во НБА-плејофот против Голден Стејт (100:104).
Кошаркарот на Голден стејт, Кевин Дурант ќе ја смени клупската средина по завршување на сезоната. Како што објави „ЕСПН“ следната сезона Дурант ќе го носи дресот на Њујорк никс.