МЗТ ќе игра мајсторка со Зада за влез во АБА лигата
Екипата на МЗТ Скопје вечерва загуби на домашен терен од Задар со 77:78 (43:35) во меч за пласман во АБА лигата, по што резултатот во меѓусебните дуели беше израмнет на 1:1. За влез во елитата на регионалното кошаркарско натпреварување, двата тима ќе играат мајсторка во Хрватска.