Драгиќ го доби дуелот со Дончиќ, Мајами излезе на чело на Југоисточната дивизија во НБА
Мајами излезе на чело Југоисточната дивизија во НБА лигата по победата над Далас со 105:99. Горан Драгиќ го запиша вториот „трипл-дабл“ во кариерата по 23 поени, 12 скокови и 11 асистенции, а Двејн Вејд одигра клучна улога за победата на Мајами, откако ја одзеде топката и постигна кош во завршните секунди од натпреварот.