Хезоња го блокираше Леброн во последните секунди за победа на Њујорк
Леброн Џејмс одигра силен меч, но Лос Анџелес Лејкерс дозволи трет последователен и вкупно триесет и деветти пораз за сезоната. „Езерџиите“ беа поразени на гостувањето во „Медисон Сквер Гарден“, а Њујорк триумфира со 124:123, откако Марио Хезоња го блокираше последниот шут на „кралот“ и така го обезбеди успехот на Никс.