Саша Ѓорѓевиќ се враќа на клупската кошарка
Селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, повторно ќе работи на ниво клуб. 51-годишниот легендарен плејмејкер се ангажира со задача да го внесе Виртус (Болоња) во плеј-офот на италијанското првенство, откако во моментот славниот тим се наоѓа на десеттото место во Серија „А“, а до крајот на сезоната има уште девет натпревари.