Јанис и официјално еден од најголемите европски кошаркари во историјата
Грчкото крило на Милвоки, Јанис Адетокумбо се нареди до најголемите имиња во историјата на европската кошарка, откако за прв пат во својата кариера ја освои наградата „Евроскар“, која секоја година се доделува од „Газета дело Спорт“ за најдобар европски кошаркар. Наградата се доделува од 1979 година наваму, а рекордери со по шест освоени награди се легендарните Арвидас Сабонис и Дирк Новицки.