Гасол и официјално потпиша со Милвоки
Шпанскиот центар, Пау Гасол, потпиша договор со лидерот во редовната сезона на НБА – Милвоки Бакс. 38-годишниот ветеран го засили клубот како слободен агент откако го откупи преостанатиот дел од неговиот договор со Сан Антонио, за кој забележа 4,2 поени и 4,7 скока во 27 натпревари оваа сезона.