Идејата на Реал Мадрид да го напушти шпанскиот кошаркарски шампионат по контроверзните одлуки во финалето на Купот, сретна голема поддршка меѓу навивачите на „белите“. Ова е резултат на анкета организирана од локалниот весник „Марка“.
Српскиот кошаркар Милош Теодошиќ нема да потпише договор со новиот клуб, објави Блиц. Поранешниот играч на ЦСКА го напушти Лос Анџелес клиперс од НБА лигата овој месец.
Кошаркарот Јан Весели го продолжи договорот со Фенербахче до 2022 година, објавен денеска клубот од Истанбул.
Барселона го освои трофејот во шпанскиот кошаркарски куп по драматичната победа во финалето против Реал Мадрид со 94:93. Последните два поена за каталонскиот тим беа признаени по прегледување на видео снимката од страна на судиската тројка. Претходно Анте Томиќ тргна на положување на „заден обрач“, но беше блокиран, но судиите пресудија дека блокадата вила неправилна.
Кошаркарот на Голден стејт, Кевин Дурант е прогласен за најкорисен играч на 68. Ол-стар НБА натпревар одигран ноќеска во Шарлот.
Во 68. Ол-стар натпревар во НБА лигата, тимот на Леброн Џејмс беше поуспешен од тимот на Јанис Адетокунбо со 178: 164, по четвртини: 37:53, 45:42, 50:36, 46:33.
Ноќва во Шарлот се одржа еден од најочекуваните турнири за време на „Ол-Стар“ викендот – натпреварот во забивање.
Српскиот центар на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ поседува исклучителен поглед и талент за играта и макар да се смета за еден од најинтелигентните, од кошаркарска гледна точка, натпреварувачи во НБА, не верува дека може да стане тренер некој ден.
Тимот на САД го победи Тимот на останатиот свет со 161: 144 во натпреварот на „ѕвездите во подем“ на НБА. Дуелот по традиција е еден од најнеизвесните настани од програмата на „Ол-Стар“ викендот кој оваа година е во Шарлот.
Ѕвездата на Оклахома Сити, Расел Вестбрук, го забележа својот 11-ти последователен „трипл-дабл“ учинок во НБА. Тој заврши со 44 поени, 14 скока и 11 асистенции при поразот од Њу Орлеанс со 122:131.