Филаделфија го зеде Тобајас Харис и продолжува да гради силен тим
Филаделфија продолжи со граењето на многу силен тим, откако вчера го привлече Тобајас Харис, а притоа не мораше да се откаже од ништо важно. Во размената со Клиперс, заедно со одличниот Харис во 76-ерс пристигнаа Бобан Марјановиќ и Мајк Скот, а во спротивна насока отиде Вилсон Чендлер, Мајк Мускало и Ландри Шамет и два избора од првиот круг на Драфтот во 2020 и 2021 година.