Нов „трипл-дабл“ на Јокиќ во победата на Денвер
Кошаркарите на Денвер го победија Њу Орлеанс со 105:99, а Никола Јокиќ го предводеше тимот, продолжувајќи ја својата серија одлични игри. Едвај во финишот на многу неизвесниот натпревар, Денвер обезбеди победа токму со поените на Србинот, кој го заврши натпреварот со осмиот „трипл-дабл“ за сезоната.