Филаделфија со важна победа против лидерот Торонто
Џоел Ембид забележа 27 поени и 11 скока, а Бен Симонс додаде 26 поени, 12 скокови и осум асистенции во победата на Филаделфија со 126:101 против Торонто во натпревар од НБА. На овој начин Сиксерс го запишаа третиот успех во последните 23 средби против Репторс и веќе се на чекор од лидерот во Атлантската дивизија.