Бостон ја забележа осмата последователна победа во НБА
Бостон Селтикс ја освои осмата последователна победа откако го совлада тимот на Атланта Хокс дома со 129:108. Кајри Ирвинг постигна 24 поени во три четвртини за „келтите“, а неговата лична статистика беше дополнета со 5 асистенции, 5 скока и 4 блокади.